Општина Аеродром обезбеди бесплатни тренинзи за децата со атипичен развој
Во рамки на проектот „Заиграј со нас“, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за бесплатни термини во фискултурната сала на основното училиште „Александар Македонски“, наменети за деца со атипичен развој.
– Со иницијативата за користење на фискултурната сала сакаме да им дадеме можност на оваа категорија деца и млади да го покажат својот потенцијал и полесно да се вклучат во социјалниот живот, а на тој начин и да им се отворат нови можности во сопствените животи, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на првиот тренинг.
Тренинзите ги водат професионални лица од оваа област, кои безусловно им помагаат на децата да ја развијат целокупната психофизичка состојба.
Од Општина Аеродром велат дека проектот има цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социоемоционалниот развој преку друштвени игри.
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја