Омилената играчка кажува многу за личноста на детето
Се чини, секој човек имал омилена играчка во детството. Според психологот Ри Лангам од „Импулс терапи“, токму тој сакан предмет ја открива личноста и нејзините особини и нарави во раната фаза на развој.
Без разлика дали се работи за автомобилчиња, кукли, сетови шминки или коцки за редење, според стручњакот, играчките се одличен начин да се задржат децата зафатени, смирени и среќни, но тие се и алатка за учење што им овозможува на малечките од сите возрасти да се истражуваат, изразуваат и развиваат овие своите вештини и карактерот.
– Начинот на којшто детето користи играчка може да открие важни сознанија за неговата личност, способности и склоности. Сепак, важно е да се забележи дека наклонетостите за одредени играчки не можат да ги предвидат идните особини или способности на детето, но ја прикажуваат неговата моментн личност, вели д-р Лангам.
Коцки
Децата кои сакаат да редат коцки сакаат и се стремат кон предизвици и имаат зголемена желба за решавање проблеми, градење и просторно размислување. Тие веројатно уживаат во структурирани активности, со почетоци и краеви, погрешни и правилни начини на вршење на работите, а исто така, можат да сосредоточат на деталите и трпеливноста да ги следат упатствата, па и да ги менуваат дизајните.
Игри инспирирани од цртани филмови и серии
Психологот Лангам наведува дека децата кои уживаат во „Покемон“, на пр., најмногу сакаат да собираат предмети и да ги категоризираат нештата. Игрите како „Покемон го“ укажуваат на дете кое ужива во критичко размислување и има авантуристичка и љубопитна природа.
Кукли
Девојчињата кои сакаат кукли, обично имаат чувство за раскажување, глумење улоги и сл., т.е. фантастична имагинација. Истражувањата покажуваат дека играњето со кукли всушност може да ги подобри друштвените вештини и емоционалниот развој.
Автомобилчиња
Децата кои сакаат да си играат со мали автомобили (обично момчиња) обично покажуваат аналитичко размислување и љубов кон движењето. Нивната способност за лесно сосредоточување и лесно изнаоѓање стратегии се одрразува во тоа како тие прецизно градат патека и ги изведуваат трките. Овие играчки ја подобруваат нивната координација и овозможуваат разбирање на причината и последицата, физиката и основната механика.
Пиштоли на вода
Пластичните водни пиштолчиња обично се избор на енергични деца со натпреварувачки дух кои уживаат во физички активности на отворено. Нивната љубов кон акцијата укажува и на силни моторни вештини и координација. Овој вид игра го поттикнува стратешкото размислување, движења, целење и чувството за разиграна, содржајна и креативна борба.
Модерен фустан
Девојчињата кои сакаат да носат различна елегантна облека, наместо да се занимаваат со играчки, обично се прилично имагинативни и сакаат да се изразуваат. Уживаат во истражувањето на идентитетот, а тоа е признак за нивната креативна и приспособлива личност.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите