Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
Вештачењето во Србија ги потврди нашите најголеми стравови - некој си поигрувал со судбината на најтешко болните, реагираат онколошки пациенти откако Обвинителството вчера кажа дека истрагата за најголемиот здравствен скандал приврушува. За оние кои ги поминале патешествијата соочувајќи се со дијагнозата, но и тие кои сега примаат терапија во дневна болница велат дека е многу важно не само обвинение туку и детални информации што точно биле пропустите во лекувањето.
-Се поставува прашање дали тие пациенти можат да се спасат сеуште, или пак станува збор за нешто уште пострашно и во тој случај се надевам како пациент дека некој ќе одговара бидејќи таа одговорност е малку поразлична од динансиски криминал, бидејќи вие на некого сте одлучиле или сте направиле грешка дека неговиот живот не е вреден за лекување, вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.
Во Србија биле испратени 16 истории на пациенти за вештачење а 51 има во Словенија чиј извештај Обвинителството се уште го чека. А повеќе од една година од избивање на скандалот и пациентите ја чекаат вистината но и подобрување на системот за третман на болните од рак.
-Бројот на метастази и бројот на луѓе на кои секојдневно се комплицира состојбата на онкологија го докажуваат тој сомнеж, вели Марјановиќ.
Во семптември 2023 година полиција влезе на Онкологија поради сомнежите дека некој се богател на грбот на најтешко болните. Протести, анкетна комисија во Собрание која заврши без официјален епилог и истрага во Обвинителството која треба да ги даде одговорите на сите прашања.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар