Околу 3.000 американски војници дополнително распоредени во Авганистан
Околу 3.000 американски војници дополнително се распоредени во Авганистан, согласно новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Пентагон.
Моментално во Авганистан има околу 14.000 амеикански воени лица. Поддршката ќе има за задача да ја обучува и помага авганистанската армија, која не успева да се справи со бунтот на талибанците.
Бројот на војници беше зголемен по барање на американскиот генерал Џон Николсон, кој ја раководи мисијата на НАТО во Авганистан. Тој исто така побара уште 16.000 војници. Другите земји членки на НАТО се обврзани да ги зголемат своите контингенти во земјата.
Пред седум години, во виорот на војната во Авганистан, САД имаше тим од 100.000 војници.
Во меѓувреме, Канцеларијата на главниот инспектор на САД објави вчера извештај според кој американските војници во Авганистан со години добивале инструкции да не смеат да ги откриваат случаите на сексуално ропство во авганистанската полиција.
Канцеларијата на главниот инспектор на Пентагон започна истрага по серијата репортажи за праксата „бача бази“, која се применувала во авганистанската полиција. „Бача бази“ во превод значи „игра со момчиња“. Тоа е пракса која се уште е распространета во Источен, Северен и Јужен Авганистан, каде што млади момчиња се принудени да бидат танчери и сексуални машки робови, како и да се облекуваат во женска облека.
Во текот на истрагата за „бача бази“ во авганистанската полиција е констатирано дека американски војници ги информирале своите началници за примената на такви дејства. Нивните претпоставени одговарале на начин како: „Тоа е надвор од нашата контрола“, „Ништо не можам да направам“, „Ова е Авганистан“ или „Ова е нивна земја“.
Пентагон десега нема официјално пријавено сексуални злоупотреби, но во извештаите за Авганистан кои се однесуваат на воените лица педофилијата е споменувана како често применувана во земјата.
Американскиот закон забранува давање поддршка на странски воени лица кои вршат прекршувања на човековите права.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот