Околу 100 луѓе загинаа при свлечишта во Шри Ланка
Околу 100 луѓе, кои се водат како исчезнати, најверојатно загинаа при лизграње на земјиштето во Шри Ланка, соопштија денеска власти по неуспешната потрага по преживеаните лица.
Центарот за управување со катастрофи (ДМЦ) соопшти дека 67 тела се пронајдени во најпогодената област Кегале, каде 99 луѓе и понатаму се водат како исчезнати.
- Армијата ја продолжува потрагата, но нема надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани луѓе, изјави портпаролот на ДМЦ Прадип Кодипили.
Спасувачката операција е попречена од постојаниот дожд во регионот.
Во поплавите, кои минатата недела беа предизвикани од обилните дождови ширум земјата, загинаа 37 луѓе, покрај тие што настрадаа во свлечиштата.
Владата на Шри Ланка соопшти дека над 600.000 луѓе се раселени поради поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од обилниот дожд, но поголемиот број се вратиле по намалувањето на нивото на водата.
Ново на Сител
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија