Околу 100 луѓе загинаа при свлечишта во Шри Ланка
Околу 100 луѓе, кои се водат како исчезнати, најверојатно загинаа при лизграње на земјиштето во Шри Ланка, соопштија денеска власти по неуспешната потрага по преживеаните лица.
Центарот за управување со катастрофи (ДМЦ) соопшти дека 67 тела се пронајдени во најпогодената област Кегале, каде 99 луѓе и понатаму се водат како исчезнати.
- Армијата ја продолжува потрагата, но нема надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани луѓе, изјави портпаролот на ДМЦ Прадип Кодипили.
Спасувачката операција е попречена од постојаниот дожд во регионот.
Во поплавите, кои минатата недела беа предизвикани од обилните дождови ширум земјата, загинаа 37 луѓе, покрај тие што настрадаа во свлечиштата.
Владата на Шри Ланка соопшти дека над 600.000 луѓе се раселени поради поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од обилниот дожд, но поголемиот број се вратиле по намалувањето на нивото на водата.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст