ОЈО: Донесени наредби за издавање на централни и меѓународни потерници
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи доставил наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Како што соопшти Јавното обвинителство, по спроведената предистрага на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.
-Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање, велат од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”