ОИК Гостивар: Поднесени се девет листи за членови на совет и седум кандидатури за градоначалник
До истекот на рокот за поднесување на кандидатурите за локалните избори, до општинската изборна комисија на Гостивар поднесени се вкупно седум кандидатури за градоначалник и девет листи за членови на совет.
Во ОИК Гостивар кандидатури за градоначалник поднеле: Демократската Унија за интеграција (ДУИ) - Невзат Бејта, Демократската партија на албанците (ДПА) - Себајдин Изаири, Коалицијата НДП-Унитети - Шпат Исеини, Движење БЕСА - Асаф Адеми, Алијанса за албанците - Арбен Таравари, коалицијата предводена од ВМРО - Дафина Стојаноска, и Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ) – Ленка Јованоска, информира претседателот на ОИК Гостивар, Мустафа Муслиу.
Муслиу потврди и дека до нив стигнале и девет листи со кандидати за 31 место во советот на општина Гостивар. Листи до ноќеска на полноќ поднеле: ДУИ, со носител Насир Муслиу, ДПА, носител Вилдан Мемеди, Алијанса на албанците, носител Лулиета Изаири, Движење за национално единство на турците (ДНЕТ), носител Ертан Јакупи, БЕСА, носител Арафат Шабани, партијата Алијанса на албанците, Бесим Мемеди, коалиција „живот во Македонија за сите“ - Зоран Ангелов, Демократска партија на турците (ДПТ)-Озкан Бајрами, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, носител Лоран Страшески.
Според претседателот на ОИК Гостивар, членовите на комисијата ќе ги разгледаат сите кандидатури и во рок од 48 часа ќе донесат решенија, по што и официјално ќе се знае кои од кандидатите ќе влезат во трката за претстојните избори.
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат