Ограбено казино во Македонска Каменица
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.С. (22) и Г.С. (29), двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама”. На 11.06.2017 година, првопријавениот, кој бил вработен во казино во Македонска Каменица, по претходен договор со второпријавениот за износ од 50.000 денари, го исклучил видео надзорот во објектот и овозможил две непознати лица да влезат внатре и на апарат да го земат оригиналниот „релевантниот избирач на игри“ и да вметнат нивен избирач на игри. По ова, на 18.06.2017 година второпријавениот со манипулација на вметнатиот избирач на игри во повеќе наврати предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и пренос на податоци и добивка од 530.000 денари, од која му биле исплатени 100.000 денари.
Ново на Сител
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка