Одложено рочиштето за случајот со дедото на Тамара
Одложено е рочиштето за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Рочиштето е одложено за следната среда, бидејќи предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.
Пред Судот требаше да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои требаше да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.
Ново на Сител
-
Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
-
Во пожарот во фабриката за литиумски батерии во Јужна Кореја животот го загубија 22 лица
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Таравари денеска ќе потпише решенија за разрешување на економски директори во Клиничкиот центар
-
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура, најавува макотрпна работа и инвестиции
-
Претседателот на Уставниот суд во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
-
Од 1 јули Грција воведува 6-дневна работна недела!
-
Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува промени креирани врз база на темелна анализа