Македонија
23. јуни 2024 - 16:38

Како до рурален развој

Без вистинска децентрализација нема развој на руралните средини

За да се мотивираат младите да останат или да се вратат во руралните средни мора да се намали јазот со  урбаните центри. Без основните елементи за живот како инфраструктура, здравство, солидна плата и домување, но и прецизно насочено образование нема можности за развој на селата, сметаат од мрежата за рурален развој.  Според претседателот на мрежата Петар Георгиевски мора  да се унапреди националната платформа на рурални граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија, но и конечно да се акредитира ЛИДЕР мерката за која се зборува веќе неколку години. Оваа мерка ќе значи и доделување на средства од буџетот за помош на локалните заедници.

За да се фати трендот со развиените земји неопходна е и модернизација на земјоделството и примена на иновации во овој сектор.

За локалните акциони групи една од најголемите пречки  за вистински локален развој е недовршената децентрализација. Без вистинска реализација на овој процес , велат нема ниту вистински локален развој.

Во моментов во Македонија постојат 8  локални акциски групи кои се регистрирани во МЗШВ. До сега тие имаат реализирано околу триесетина проекти за унапредување на локалните средини. Сите се финансирани со поддршка на донатори, мали локални бизниси и учество на општините.