Едриличарите бараат да се укине забраната за пловење ноќе
Трката со формули на вода на Охридско Езеро откажана.По жестоките реакциите од страна на 40 граѓанските активисти ,екологисти од Македонија и Албанија и од Унеско планираниот настан за јули кај Поградец нема да се одржи .Тие алармираа дека тоа би значело нарушување на еко системот и културното значење.
Граѓанските активисти велат дека се за економски развој и туризам, но не по цена на губење на универзалните вредности на Охридското Езеро.
Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар