Одложени консултациите кај Сиљановска за реформи на системот за помилување
Иако за денеска се најавуваа експертиски консултации кај претседателката Силјановска за помилувањето, ваквите состаноци се одложени, дознава Сител. Се работи за состаноци кои ги држела претседателката со сите поранешени членови на Комисијата за помилување и претставници на Министерството за правда уште од средината на септември.
Целта на овие консултации била да се направи целосна реформа во системот на помилување на осудени лица и да се изготват нацрт измени на Законот.
Неофицијално, овие констулации се засега во застој додека не се избере нов состав на Комсијата за помилување, откако тековниот состав предводен од професорот Калајџиев викендов си поднесе оставка поради последните контроверзни помилувања.
Од друга страна, Сиљановска веднаш од викендов почнала дополнителни консутлации за нови членови на Комисија.
„Овие консултации се во тек. Се разговара со разни профили на луѓе, меѓу кои искусни и докажани правници“, велат од кабиентот на Сиљановска.
Овие консултации се прават со луѓе – потенцијални членови на Комисијата.
Последните помилувања на Силјановска, по повод 23 Октомври предизвикаа силни рекации во јавноста бидејки помеѓу 10-те помилувани се најде и член на наркокланот „Барон“.
Комсијата за помилувања која ги доставува предлозите си поднесе оставка, штопремиерот Мицкоски искоментира дека тоа е признание на грешката.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници