Македонија
30. May 2025 - 20:12

Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал

Денеска (30.05.2025) Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар затоа што на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга.

38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С..

Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.