„Оди дома, имаш поважна работа, бремена си.“, психолог во струшката болница го изгубила бебето по стресот од отказ

Психолог од ЈЗУ Општа болница во Струга, магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со долгогодишно искуство и бројни обуки што лично ги финансирала во последните 14 години, останала без работа веднаш откако информирала дека е бремена, пишува СДК.мк
Поради силниот стрес од непродолжувањето на договорот и фактот што по нејзиното заминување во болницата биле вработени 65 нови лица, жената го изгубила своето бебе во 27. недела од бременоста, односно во седмиот месец.
На нејзино место, по изборите, директорот ангажирал помлада девојка, како и уште 65 други лица со различни профили. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека во нејзиниот случај има директна интерсекциска дискриминација.
Жената од 2001 година работела со договор на определено време, со полно работно време, како да е редовно вработена. По најавите дека по минатогодишните избори ќе ѝ биде конечно решен статусот, таа очекувала вработување. Но на 31.12.2024 година, договорот не ѝ бил продолжен.
Кога претходно го прашала директорот зошто не ѝ го продолжуваат договорот, тој ѝ одговорил: „Оди дома, имаш поважна работа. Бремена си.“
Во пријавата до Комисијата, таа приложила медицинска документација од Гинекологија дека имала уредна, здрава бременост без ризици.
„Од стресот што го доживеав по губењето на работата, на 4 март 2025 година, во речиси 27 недела, го изгубив моето дете. Сум била здрава, со уредна бременост. Тортурата си го направи своето“, напишала во претставката, додавајќи дека иако работела без договор и без плата, ја чекала одлуката за нејзиниот статус.
Директорот пред Комисијата негирал дека ја испратил дома поради бременоста, но не спорел дека на нејзино место е примена друга психолог, како и дека биле вработени уште 65 лица.
Комисијата заклучува дека ниту Болницата ниту директорот не понудиле докази или факти дека непродолжувањето на договорот не било поврзано со нејзината бременост.
„Бременоста е биолошка карактеристика поврзана со полот и жената има посебна законска заштита, вклучително и кога работи со договор на дело”, наведува Комисијата, дополнувајќи дека во случајот е прекршен и Уставот.
Станува збор за тежок случај на директна, повеќекратна и продолжена дискриминација. Жената, која го изгубила плодот во седмиот месец поради стрес, сега има право да поднесе пријава и тужба до надлежните органи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
