Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
Одборот на бранителите денесka одбележа 24 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза.
По интонирање на македонската химна беше оддадена почит со минута молк, како и положување цвеќе пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници од претставници на Одборот, Министерството за одбрана, Армијата, МВР, политички партии, повеќе организации и здруженија на бранителите и припадници на безбедносните сили, како и навивачката група Војводи.
- Денес, стоејќи тука со помешани чувства, од една страна тажни што нашите бранители повеќе физички не се меѓу нас, од друга страна горди на нив што залудно не ги дадоа своите животи. Тие ја донесоа победата на Република Македонија, и ги зачуваа нејзините граници. Нивните тела ги вградија во зачуваните граници на државата на која и докажаа дека неизмерно ја сакаат и дека се подготвени да го жртвуваат најсветото од себе-животот, а нивната душа ја вградија, во продолжениот заеднички живот на сите граѓани, без разлика на нивната вера и нација на овие простори во унитарна Македонија, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
Тој во својот говор им порача на младите генерации за примерот на осумтемина бранителите, со цел да учат колкава е цената на слободата платена со живот. Истакна дека тоа ги обврзува, никогаш да не ги заборават луѓето кој го дадоа животот за Македонија.
- Само така можеме да им се оддолжиме, а младите генерации ќе ги научиме дека цената на слободата е висока и треба да ја чуваат. Не постои изговор со кој би се оправдал заборавот, како што не постои и посвета должност од паметење иднина по која се стремиме, не смее да опстојува на незнаење. Ова место длабоко е врежано во нашата лична и колективна свест на нашиот народ. Некои луѓе едноставно не би смееле да бидат заборавени. Денес сме сведоци на едно модерно време на бришење на индивидуалната и колективна меморија, иако истата е заснована на историски факти, таа може да се изгуби или изопачи со цел да се приспособи на моменталните политички интереси и концепти, истакна Марин Најдов.
Од одборот побараа централните одбележувања кон загинатите бранителите секогаш да бидат на самите места каде што се убиени и да не се практикува поголемите манифестации да има во други градови.
- Главните одбележувања да бидат како денес на самото место во Вејце, на Карпалак, во Гајре, на Кале. Тие што може да влијаете, тоа не смее да има алтернатива. Дали некој нема да дојде или ќе дојде ние бранителите нема да заборавиме. Сакаме и државата да има соодветно влијае врз тоа што се прави, рече Најдов.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари