Одбележување 10 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување денеска одбележува 10 години од основањето, а воедно ќе го одбележи и Денот на осигурување.
Од Агенцијата информираат дека по свечениот дел предвидено е воведни обраќања да имаат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерката за финансии Нина Ангеловска, Шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.
Во работниот дел ќе се одржи панел дискусија на тема “Движечките фактори за повисок и одржлив раст на осигурувањето во регионот на Југоисточна Европа”, а ќе биде доделена и годишната награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија