Од утре сончево и многу топло време
Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека максималните температури ќе достигнат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ зрачењето ќе достигне 9.
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска до крајот на денот. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, со максимална температура до 35 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има