Од утре Кипар поделен во две временски зони
Островот Кипар од утре, освен по етничка линија, ќе биде поделен на два дела и според сметањето на времето.
Грчкиот дел на островот, како и сите останати земји од ЕУ, ноќеска ќе ги вратат стрелките на часовникот за еден час, со што ќе преминат на зимското сметање на времето.
Турскиот дел пак реши да остане на летното сметање на времето, следејќи го примерот на Турција.
Така Кипар ќе биде поделен во две временски зони.
Во септември Турција реши да остане постојано на летното сметање на времето. Турската Република Северен Кипар, која е признара само од Анкара, реши да го направи истото, поради економскиот сектор, трговијата, авионските летови и превозот, кои се поврзани со Турција.
Според локалното здружение на работодавачи, разликата во времето ќе претставува проблем за 5.000 кипарски Турци, кои работат во другиот дел на островот.
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички