Од Северна Македонија годинава на аџилак 850 верници
Од Република Северна Македонија на аџилак ќе заминат 850 верници. Најмалиот верник е на петгодишна возраст додека највозрасниот има 82 години, изјави за МИА, Муземил Османи, шеф на кабинетот на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија.
Според него, во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот првата група отпатувала вчера, а останите во текот на денов и утре.
Споредено со минатата година, за Саудска Арабија годинава заминуваат 178 верници повеќе.
Инаку, од земјите на западен Балкан во светите муслимански места Мека и Медина, заминуваат над 4.100 верници, од кои најголем број се од Босна и Херцеговина, околу 1.680 и Косово 1.100 верници. Од Албанија околу 400, од Србија околу 250, од Црна Гора над 50 и од Хрватска 15 верници.
Првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, се паѓа на 11 август(недела). Празникот се слави четири дена. Првиот ден верниците, кои тоа може да си го дозволат принесуваат курбан,главно овен, по што месото го разделуваат на посиромашни семејства.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже