Од денеска повторно задолжителни маските во затворен простор во Вашингтон
– Градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер, најави дека носењето маска во затворен простор од денеска повторно ќе стане задолжително во главниот град на САД. Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде преразгледана.
Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги ограничат своите физички контакти за време на празниците. Таа најави и дека ќе прогласи вонредна состојба во градот.
Бројот на случаи на коронавирус во Вашингтон, во меѓувреме, повторно се зголеми, има голем раст на новозаразени со новата варијанта омикрон. Епидемиолошката ситуација во САД се влошува со појавата на новиот сој – тоа е веќе доминантна варијанта на коронавирусот во земјата, со 73,2 отсто од новите случаи во неделата до 18 декември. Првиот смртен случај по инфекцијата со новата варијанта на коронавирус веќе е пријавен во САД – во округот Харис, Тексас.
Ново на Сител
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Поскапуваат бензините и дизелот
