Од денес интерните клиники ќе згрижуваат пациенти заразени со Ковид-19
Од денес интерните клиники се ставаат во функција на лекување и ковид пациенти.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.
Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.
Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија