Од 16 до 18 септември 10. „Штипска пастрмалијада“
Почнаа подготовките за манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, која ќе се одржи на 16,17 и 18 септември годинава.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов на денешната прес-конференција најави дека и годинава со вкусната штипска пастрмајлија и вино гостите ќе ги забавуваат познати музичари од земјава, но и балкански ѕвезди. Главни гости се ЈУ група, Рибја чорба и Здравко Чолиќ.
- Првата вечер, во петок на 16 септември ќе настапат Ристо Самарџиев, Александра Јанева и Момо Николовски, а главен изведувач е рок составот ЈУ група. Следниот ден, на 17 септември ќе ги видиме Силви бенд, Куртиш бенд и Јордан Митев, а потоа како главен изведувач е уште еден познат рок состав, „Рибја чорба“. Финалето на „Пастрмалијада 2016“ ќе биде во недела, на 18 септември со настап на Антонија Гиговска, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски, HQ Bend и Ферус Мустафов. Вечерта ќе настапи поп пејачот Здравко Чолиќ, рече Ристов.
Кирил Панајотов, советник за културни манифестации во општина Штип истакна дека штипските угостители веќе ги почнале подготовките за штандовите, кои треба да се постават кај крстосницата Дујле, односно меѓу Градскиот стадион и населбата 8-ми Ноември.
- Исто како и лани, угостителите имаат свое тело кое е координирано од Емил Попадинов од хотел „Изгрев“ и тие веќе се организираат околу нивниот дел, во поглед на пастрмајлиите, штандовите и сите други аспекти на манифестацијата. Програмата останува отворена, доколку постојат услови, ќе биде додадено уште некое име со цел поголема забава. Во суштина остануваат трите главни изведувачи. Буџетот кој општината го издвојува е 1,2 милиона денари, рече Панајотов.
Општина Штип денеска изрази благодарност до голем дел од спонзорите и поддржувачите на манифестацијата кои финансиски и логистички помагаат таа да продолжи. Главен спонзор на манифестацијата е „Скопско“. Ова е десетто издание на манифестацијата, која почна да се организира од 2007 година на градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк