Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
Кучината скитници се упте претставуваат горлив проблем и за локалните власти и за граѓаните. Трајно решение нема, зашто актуелната законска регулатива налага овластениот оператор да ги заловув, тетира и повторно да ги врати на улица. Само во Штип од почетокот на годината до денес, заловени се 59 кучиња скитници, кои повторно талкаат по градските улици.
- Последниот пат од операторот од Куманово се заловени 7 кучиња кои се однесени во ветринарната станица во Куманово. После нивно кастрирање, вакцинирање, по Законот за благосостојба на животните, се враќаат на местата каде што се заловени. Знаеме дека проблемот е голем со кучињата скитници, бидејќи има некоја грда слика, поради која многу граѓани реагираат, но законски е така и ние поинаку не можеме да постапиме, изјави Борче Везенков, комунален инспектор, ЛС- Штип.
Кучињата скитници се особено опасни за слепите лица, кои некполку пати побараа решавање на проблемот, но засега ситуацијата е статус кво. Операторот реагира согласно пријавата на граѓаните. Се случува во населбите да се сретнат и кучиња кои се донесени, но тоа не може со сигурност да се утврди.
- Некои од граѓаните пријавуваат дека во приградските населби, од страна на лица од други општини се оставаат кучиња, но на лице место не сме ги лоцирале или да ги видиме и останува само на кажување, додаде Везенков.
Пред 6 години во Штип се отвори стационар за бездомни кучиња, меѓутоа по реакција на здруженијата за заштита на животните објектот беше затворен поради не исполнување на стандардите за хуман третман.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар