Македонија
2. September 2025 - 16:39

Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение

Министерството за образование ќе бара решение за искинатите учебници кои дел од учениците ги добија и на крајот на претходната учебна година и по првиот училишен ден. Бројните поплаки од родителите и фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи ги видела ресорната министерка Јаневска. 

Родителите ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од комплетите кои ги добиле учениците. Во коментари пишуваат дека комплетите не се целосни, а тие што добиле се или без корици или половина учебник. Недостасувале учебници по одредени предмети, а на ишкртаните страници воопшто не се читаат лекциите.

„Само фалби, пак нема учебници...Можеби се обезбедени во некои школи во Скопје, додека во другите градови, учебник ниту по гулаб да стигне .. испокинати како лани па секој лист го лепиме со селотејп...историја, географија, англиски, нема во ниедно училиште....Искинати лом, како за прв ден радости невидени, без корици и нема половина од учебникот по историја..“ се само дел од коментарите на родителите. 

Според Јаневска, оваа година сите 245 илјади ученици ќе имаат учебници пред себе, а испечатени се и учебници по странските јазици кои недостасуваа со години. До крајот на оваа недела ќе биде завршена целосната дистрибуција до сите училишта.