-->
-->
Од 1 ноември билет за едно возење во градскиот превоз во Скопје, цената 50 денари
-->
Од 1 ноември ќе може да се купи билет за едно возење во автобусите на ЈСП и приватните првозници во Скопје. Цената, според одлуката на Советот на Град Скопје донесена денеска, ќе изнесува 50 денари.
Станува збор за хартиен билет кој треба да ја пополни празнината која настана со воведување на картичката „Скопска“ на оние кои користат јавен превоз ретко, а особено на туристите.
– Картичката „Скопска“ може да се надополнува само во билетарниците на ЈСП „Скопје“ и трафики. Граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од другите градови, а во Скопје доаѓаат по потреба, мора да набават неперсонализирана картичка или да платат со мобилен телефон. Во најнеповолна ситуација се туристите кои не можат да ги користат сегашните опции на јавен провоз, односно не можат да купат карта во автобусите, смета градоначалникот Петре Шилегов.
Цените на превозот во ЈСП за надополнување на картичката скопска остануваат непроменети, односно 35 денари е возење со картичка кога се надополнува како сума, додека 25 денари кога се врши надополнување на 10 возење кои чинат 250 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница