Обвинителството во Хаг најави дека ќе поднесе жалба на пресудата за Шешељ
Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска најави дека ќе поднесе жалба на пресудата со која лидерот на српските радикали Воислав Шешељ е ослободен од сите обвиненија за воени злосторства извршени во Хрватска и БиХ за време на воените судири и за протерување на Хрватите од Војводина.
Во најавата на жалбата, Обвинителството побарало пред се одобрување на жалбата, менување на пресудата и Шешељ да биде прогласен за виновен или пресудата да се укине целосно и да се побара повторување на судскиот процес.
Обвинителството смета дека првостепениот совет не донел правилна одлука, бидејќи немал добри причини за своите заклучоци, не ги прифатил аргументите и доказите на обвинителството, но и затоа што погрешно ја оценил фактичката состојба утврдена за време на судењето.
Хашкиот трибунал на 31 март изрече ослободителна пресуда за Шешељ во однос на сите девет точки од обвинението, кое го товари дека преку говор на омраза ги поттикнувал и поддржувал воените злосторства во Хрватска и БиХ.
Обвинителството бараше лидерот на српските радикали да биде осуден на казна од 28 години затвор.
Ново на Сител
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба