Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун

Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на грчката полиција што е во тек во Атина и Солун за разбивање на турската мафија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата информираа дека акцијата на Секторот за справување со организиран криминал што започнала утрово е за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција.
Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица.
Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.
Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални имигранти.
Ново на Сител
-

Средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на Уставниот суд на Шпанија
-

МЗ: Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани
-

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури
-

Божиновска: Зависноста од еден снабдувач е минато, иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи, сигурни енергетски решенија
-

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не и за отстапување територија
-

Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации
-

Приведен 42-годишен битолчанец, управувал возило со 2,99 промили алкохол во крвта
-

За разликите меѓу ковид и настинката
