САД се уште го чекаат одговорот од Хамас за прекин на огнот во Газа
САД сè уште не добиле одговор од Хамас за предлогот за прекин на огнот доставен до движењето во четвртокот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Милер кажа дека е целосно убеден дека Израел се согласува со прекинот на огнот. Главниот советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата потврди дека Израел привремено го прифатил договорот за ставање крај на војната во Газа за кој се залага американскиот претседател Џо Бајден, иако тој рече дека тој е погрешен и дека му треба многу работа.
Во интервју за британскиот Сандеј Тајмс, Офир Фалк, главниот советник за надворешна политика на Нетанјаху, рече дека предлогот на Бајден е „договор за кој се согласивме – не е добар договор, но навистина ни е грижа за ослободувањето на заложниците, сите“.
-Има многу детали што треба да се разработат, рече тој, додавајќи дека условите на Израел, вклучително и „ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас како геноцидна терористичка организација“, не се променети.
Бајден во петокот го претстави својот план, што го достави до владата на Нетанјаху, за ставање крај на војната. Станува збор за трифазен план – шестнеделен прекин на огнот, потоа преговори за условите за траен прекин на непријателствата и главен план за обнова на Газа.
Лидерите на Г7 „целосно го поддржуваат и ќе застанат зад сеопфатниот“ договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците за војната во Газа наведени од американскиот претседател Џо Бајден и го повикуваат Хамас да го прифати , се наведува во вчерашното соопштението на групата најголеми демократиии во светот.
„Го повикуваме Хамас да го прифати овој договор, што Израел е подготвен да го прифати и ги повикуваме земјите кои имаат влијание врз Хамас да помогнат да се обезбеди тоа да го направи“, се наведува во соопштението на Г7.
Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден вчера го повикал катарскиот емир да ги „искористи сите соодветни мерки“ за да обезбеди прифаќање на примирјето од Хамас и договорот за заложници кои сега се на маса.
Бајден и шеикот Тамим бин Хамад Ал-Тани „потврдија дека сеопфатниот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците сега на маса нуди конкретен пат за ставање крај на кризата во Газа“, соопшти Белата куќа.
Ново на Сител
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија
-
Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба