Објавен првиот број на меѓународното научно списание „Палимпсест“
Во издание на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на почетокот од ноември објавен е првиот број од новоформираното меѓународно научно списание „Палимпсест“ („Palimpsest”).
- „Палимпсест“ e меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања што се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.
Во меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и од Србија.
Во првиот број од „Палимпсест“ се објавени 24 трудови во пет рубрики („Јазик“, „Книжевност“, „Култура“, „Методика на наставата“ и „Прикази“) од автори од Македонија и од странство како што се Марија Кусевска, Костанца Гедес да Филицаја, Паоло Ору, Марија Ѓорѓиева-Димова, Весна Мојсова-Чепишевска, Назли Рана Ѓурел, Славчо Ковилоски, Луси Караниколова-Чочоровска, Мируна Крачиунеску, Диего Поли, Игор Рижнар и други.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар