Објавен конкурсот за наградата „Жан Моне 2017“
Делегацијата на Европската унија во Македонија денеска го објави 15. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобрите достигнувања во покривање на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“.
Наградата ќе биде доделена во категориите: најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиумии/или на интернет) најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и најдобра аматерска фотографија.
Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20ноември 2016 и 19 ноември 2017.
Сториите треба да се однесуваат на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“, да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017 и да се потпишани со вистинското име на авторот, кој треба да е македонски државјанин.
Копии од новинарските стории во дигитален пдф формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на електронска адреса: JMcompetition@euic.mk најдоцнадо 20 ноември годинава во 18 часот.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември годинава.
Ново на Сител
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош