-->
-->
Ново зеленило во во Градски ѕид, зад поранешна „Агромеханика“
-->
Општина Центар го обнови зеленилото во Градски ѕид, зад поранешна „Агромеханика“. Засадена е нова трева, зимзелени грмушки и високи садници.
Засадени се 6.500 растенија на површина од над 1.070 метри квадратни. Во помалите жардинери засадени се зимзелени грмушки и листопадни ползавци кои ја менуваат бојата. Поставен е нов, автоматски систем за наводнување на жардинерите.
Општина Центар претходно постави и ново, современо детско игралиште на овој простор, со вкупна површина од 250 метри квадратни. Наменето е за деца на возраст од три до 11 години. Игралиштето е поставено на барање на граѓаните.
Комплексот е надополнет и со урбана опрема, канти за отпадоци и клупи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија