Новинари од цел свет застанаа во одбрана на Асанж
Новинари од целиот свет застанаа во одбрана на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (48) и повикаа на петиција против неговата екстрадиција во Соединетите Американски Држави, соопшти иницијативата „Зборувај за Асанж“, која собра 900 потписи од 89 земји за две недели.
Комесарот на ООН, надлежен за неговиот случај, Нилс Мелцер исто така застана во одбрана на Асанж.
– Конечно сфатив дека бев заслепен од пропагандата и дека цело време го клеветеле Асанж за да се одврати вниманието од злосторствата што ги откри, рече специјалниот истражувач за тортура Мелцер.
Тој предупреди дека екстрадицијата на Асанж „ќе постави правен преседан што може да се применува во иднина за истражувањата на Гардијан, Њујорк Тајмс и АБЦ Њуз.
Асанж беше обвинет во САД за 18 точки, вклучително и заговор за хакирање владин компјутер и прекршување на законот за шпионажа. Ако биде осуден, би можел да помине неколку децении во затвор.
Австралиецот стана познат на почетокот на 2010 година кога Викиликс објави тајно американско воено видео од нападот во 2007 година во кој неколку десетици луѓе беа убиени од хеликоптерите „Апачи“ во Багдад.
Поддржувачите го сметаат за херој кој ја открива злоупотребата на моќта на современите држави и симбол на слободен говор. Критичарите, сепак, тврдат дека е опасна личност која во договор со Русија се обидува да го поткопа Западот и безбедноста на САД и не го сметаат за новинар.
Ново на Сител
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?