Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
Во штипска Клиничка болница започна да функционира амбуланта за васкуларна хирургија. Потпишан е договор помеѓу директорите на Тораковаскуларна хирургија и Клиничка болница Штип. Пациентите ќе имаат можност да закажуваат преку „Мој термин“ и соодветно да бидат прегледани од васкуларниот хирург, Мишел Андов.
-Колку пати месечно ќе доаѓа и колку долго дополнително ќе биде договорено, а сега до петок ќе го имаме првиот термин во „Мој термин“, за да можат пацинеитите да закажуваат овде во Штип, изјави Влатко Захариев, директор на Клиничка болница - Штип
Досега сите пациенти од источниот регион кои имаа проблеми со запушени вени беа праќани за Скопје, а сега ќе заштедат и време и пари.
-Сега за сега, прв чекор е прегледи консултативни да се вршат, за понатамошни до дијагностики или евентуален третман. Се надевам за понатаму ако тргне добро соработката, да има и процедури кои ќе можат да се вршат во нашата болница - додаде Захариев.
Васкуларната хирургија ги третира заболувањата, односно, хируршките болести на крвните садови, артериите и вените. Во зависност од тоа кој дел е зафатен соодветна ќе биде и клиничката манифестација на заболувањето.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар