Преглед на вестите од светот
Уапсен е државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година, 29 години под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов“, соопшти Истражниот комитет. Руските безбедносни служби изјавија дека осомничениот бил регрутиран од украинската разузнавачка служба, јавуваат државните медиумски агенции.
Стотици севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите со украинските војници во руската област Курск, изјави синоќа висок американски воен претставник. Според претходните извештаи на Западот, проценките се дека Северна Кореја ја поддржала руската агресија со испраќање неколку илјади свои војници во рускиот регион Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни уште 12 до 15 системи за противвоздушна одбрана за целосна заштита. Тој потсети на интензивните руски напади врз енергетската инфраструктура минатиот петок. Зеленски додаде дека Украина добила значајни ветувања за овие системи како компензација за неможноста да се приклучи на НАТО.
Тој синоќа изјави дека евентуалното распоредување на странски мировници во Украина би можело да се разговара на денешниот состанок на европските лидери во Брисел. На состанокот ќе се соберат лидерите на Германија, Франција, Полска и НАТО.
На седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба. На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна Гора по налог на претседателот на парламентот и лидерот на просрпската десница, Андрија Мандиќ. Претседателката на Уставната комисија Јелена Божовиќ изјави дека, врз основа на одговорот на претседателката на Уставниот суд и податоците што ги доставила, тројца судии ги исполнуваат условите за пензија. И покрај инцидентот со активирање димна бомба, седницата продолжи, а беа усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд, кои ги избира Собранието.
Конфликтот во Сирија сè уште не е завршен и покрај соборувањето од власт на претседателот Башар ал Асад, предупреди синоќа специјалниот пратеник на ООН за Сирија, Гаир Педешен, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ООН. Тој се осврна на неодамнешните судири во северниот дел на земјата, каде прокурдските сили и протурските групи беа во директна конфронтација. Пратеникот на ООН го осуди и зголемувањето на воените акции од страна на Израел, вклучително и нападите врз сириските складишта за оружје.
Дедо Мраз ја замени својата традиционална санка за скутер на вода за да им достави подароци на децата во Рио де Жанеиро во вторникот.
Невладината организација „Херои на љубовта“ која ги поддржува пациентите кои страдаат од церебрална парализа, микроцефалија, аутизам и други синдроми, со здружени сили со спсувачката служба поделија подароци за околу 50 деца и нивните најблиски.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар