Нови сознанија: Додека родителите биле на прославата на Богородица во Ново Лисиче децата се бореле за живот во автомобилот
Родителите на двете малолетни деца биле на прославата на Пресвета Богородица која ја организира токму населбата Ново Лисиче, дознава Сител.
Родителите биле побарани откако случајни минувачи ги забележале децата затворени во автомобилот и повикале полиција.
И прославата била кратко прекината и на разгалас бил повикан сопственикот на црната Алфа и тогаш родителите веднаш пристигнале на местот и веднаш биле повикани на разговор во полиција.
Станува збор за Т.Т.(44) и М.Н.(35), кои своите две деца на возраст од 7 и 4 години ги оставиле на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки.
Според соопштението од Детска клиника, децата се во добра здравствена состојба и ќе бидат пуштени дома.
Од Клиниката за детски болести посочија дека во моментот на прием на преглед децата оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани и свесни со уредни витални параметри.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани