Нови апсења на Косово поради тероризам
На Косово денеска се уапсени уште две лица, кои се осомничени за тероризам, а ова е продолжување на полициската акција во која минатата недела беа приведени седум лица осомничени дека планирале напади на Косово и во други делови на Балканот.
Антитерористичката единица на косовската полиција изврши операции на три различни локации во Качаник, Витина и Митровица, при што уапси две лица, поради сомнеж дека „дејствувале против безбедноста и уставниот поредок на Косово“, а по налог од обвинител им бил одреден притвор од 48 часа.
Косовскиот јавен обвинител изјави дека седуммината осомничени припадници на Исламска држава, кои се приведени минатата недела на Косово, планирале напади на Балканот и добивале инструкции од екстремисти во Сирија. Седуммината осомничени имале контакти во соседните држави, Македонија и Албанија, додека останатите осомничени од истата група и понатаму се на слобода.
Ново на Сител
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи