Нов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“
Нов привремен сообраќаен режим се воведува утре на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје при што сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, информира Град Скопје.
-Од среда (14 август) до понеделник (19 август), под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално. Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар, соопшти Град Скопје.
Оттаму потсетуваат дека фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим за проектот „Реконструкција на дилатации на мост „Гоце Делчев“ во двата правци“ се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 9 јули до 19 август годинава.
Градот Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да се придржуваат до времениот режим на сообраќај и да имаат трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи