Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
Трговците разочарани. Мерката за ограничување на маржите ја оценија како катастрофална. Велат дека Владата не прифатила ништо од нивната предлог листа. Во телефонски разговор најавија дека ќе испратат официјален став со сите забелешки и негативни последици од ваквата мерка, за подоцна да се предомислат.
За Синдикатот и Организацијата за заштита на потрошувачите пак, мерките кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните, се добри. Се очекува значително поевтинување на храната, а колку точно ќе заштедат домаќинствата, ќе покаже мартовската синдикаланата кошница.
-Охрабрува фактот што мерката ќе трае подолго од еден месец, односно повеќе од 30 дена и добро е што со зголемување на мартовските пензии и платите на работниците, ќе се подобри стандардот на граѓаните. Исто така добро и е што бруто профитните маржи се ограничени, за да неможат да се богатат овие неразбрани трговци на грбот на граѓаните и добро е што граѓаните преку бојкот на маркетите помогнаа Владата да донесе вакви мерки. Да ги казнува сите оние кои го кршат законот. Колкави заштеди ќе им донесе на доамќинстават владината мерка, ќе пресметаме во мартовската синдикална кошница, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
-Во време кога храната станува луксуз, секое намалување на цените е добро, велат од Органзацијата на потрошувачи.
-Органичувањето на маржите на основните прехранбени, но и на хемиските непрехранбени производи е токму она што ние го баравме. Но, за да почувствуваат некој поголем ефект граѓаните, бараме да трае подолго мерката, барем 3 месеци. Сепак, добро е што ќе се намалат цените и ќе се подбри стандардот на граѓаните, велат од Организација за заштита на потрошочувачи.
Инаку владините мерки за ограничување на маржите ќе траат до крајот на април.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар