Нов градоначалник на Пешкопеја е Мухарем Рама
На вчерашните вонредни избори за градоначалник на пограничниот албански град Пешкопеја, победи Мухарем Рама, кандидат на Алијансата за европска Албанија, предводена од владејачките социјалисти.
Негов противкандидат беше демократот Шерефедин Шеху.
По соопштувањето на првичните резултати, лидерот на социјалистите и премиер Еди Рама се заблагодари на гласачите за дадената доверба.
- Големата победа во Пешкопеја за мене е голема обврска кон жителите, напиша Рама на својот профил на фејсбук.
Неговиот партиски опонент, лидерот на демократите Љуљзим Баша за медиумите изјави дека жителите на Пешкопеја се соочиле со „картелот на дрога, криминал и корупција“.
- Во Пешкопеја не загуби една политичка партија, туку загуби цела Албанија. Единствен победник е картелот на дрога и криминал на Еди Рама. На овој картел денеска му објавуваме војна. Демократите се на чело на таа војна, а јас нивен предводник, изјави Баша.
Мухарем Рама, по професија лекар, доаѓа на местото на Шукри Џелили, кого Владата го разреши во средината на мај годинава поради вмешаност во секс скандал, односно од дваесетгодишна девојка барал секс за да ја вработи.
Ново на Сител
-
Бурна сезона имаа спасителите на вода во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - Кои ќе бидат клучните пораки од кампањите?
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ
-
Кои ќе бидат клучните пораки од кампањата на СДСМ?
-
Мицкоски: Очекувам мирна кампања, но опозицијата ќе гради кампања врз лаги
-
СДСМ ќе води позитивна кампања и остро ќе ја критикува работата на опонентите
-
Албанските партии ветуваат фер и демократска кампања – сообраќајниот хаос во Чаир, дивоградбите и хигиената во фокус на програмите