-->
-->
Нов гол на Несторовски, но и пораз на Палермо
-->
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски уште еднаш постигна гол, но неговиот тим Палермо повторно е поразен.
На средбата од 13.коло во Серија А, екипата на Палермо загуби со 3-1 на гостувањето кај Болоња, иако имаше водство од 1-0 по голот кој го постигна Несторовски утре во 9.минута од натпреварот.
За македонскиот репрезентативец ова беше осмиот гол сезонава, но неговата екипа Палермо останува на претпоследното место на табелата со само една победа, односно, само шест освоени бодови.
На другите денешни натпревари беа постигнати овие резултати:
Аталанта - Рома 2-1, Сампдорија – Сасуоло 3-2, Емполи – Фиорентина 0-4, Лацио – Џенова 3-1 и Кротоне – Торино 0-2,
Вчера, Јувентус ја победи Пескара со 2-0, Киево славеше над Каљари со 1-0, а Удинезе пред својата публика загуби од Наполи со 0-2.
Колото ќе биде комплетирано вечерва во градското дерби меѓу Милан и Интер кое ќе се игра во терминот од 20:45 часот.
Табела: Јувентус 36 бода, Рома 26, Лацио 25, Аталанта 25, Милан 25, Наполи 24, ,..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини