Ноќеска и рано утрово се апсеа нарко дилери
Рано утрово околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички. При нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин.
Ноќеска во 01.00 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во исто време полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера околу 16.10 часот во с.Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б.(24) и З.Б.(25 ) од гостиварски Балиндол, С.Ф.(31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана. С.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар.
На Бит Пазар во текот на вчерашниот ден беа уапсени три лица.
Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Вечерат од слобода е лишен А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на сите овие случаи, против споменатите полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник