Нишани: Косово е албански Ерусалим
Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани, смета дека е неприфатлив ставот на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите и размена на територии со Србија,бидејќи „Косово e албански Ерусалим“.
Според него „Косово не е само прашање на Косово“ туку секој Албанец каде и да живее е заинтересиран за косовското прашање.
-Косово не е само прашање на една држава, туку главна колона за националната безбедност за Албанците. Во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина и каде и да живеат ширум светот.Не случајно низ вековите,востанијата за слобода на Албанците почнувале токму од Косово.Затоа, Косово е албански Ерусалим, смета Нишани.
Во низата реакции околу изјавата на Тачи, се вклучи и поранешнииот шеф на албанската дипломатија, Едмонд Хаџинасто, актуелен пратеник од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција.
За него идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија е едно „архаично мислење“
-Една ваква идеаја е утопија, но и многу опасна. Сметам дека прихранувањето на еден ваков концепт, на размена на територии, е архаично, антиевропско и антинационално мислење,смета Хаџинасто.
Ново на Сител
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури