-->
-->
Нимиц, Димитров и Коѕијас во Виена бараат решение за името
-->

На почетокот на средбата присуствувала и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл. Се очекува разговорите кои неформално почнаа синоќа со работна вечера Димитров - Коѕијас, да продолжат и попладне со работен ручек на кој ќе присуствува и Нимиц.
Пред новата рунда разговори, куса изјава даде само Коѕијас, изразувајќи надеж дека денеска ќе биде направен прогрес.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во пресрет на средбата во Виена објави дека Нимиц ќе им претстави на Димитров и Коѕијас павна форма, со празни места во спорните прашања.

- Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места за спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур