Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
Ви ветивме победа и имаме победа. Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредност, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по завршениот прв круг на Локалните избори. Порача и дека следните две недели се и вториот круг се тие кога оваа победа треба да се потврди и да се заокружи почнатат промена.
- Но оваа убедлива победа е само почеток на новата македонска енергија, мирна одлучна, праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице без навреди, без гнев омраза со достоиснтво, со поглед право во очи со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба. Не заради нас, туку заради себе, своите семејства, својата иднина заради Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски.
Според него, секој кој излегол и гласал за продолжување на промените гласал за вистината дека може подобро, дека чесноста вреди, дека трудот носи резултати. Тоа, рече, е нашата обврска.
- Победата не е награда, туку задача што почнува од утре наутро со секој нов ден, со секоја улица, училиште, фабрика, болница.. што ќе ги направиме, со секој нов човек кој верува дека овде има смисла да се живее и да се сонува. Победата ја градевме чекор по чекор, со работа не со спектакли, туку со упорност. Затоа таа победа не е само наша, таа е на сите кои веруваат дека државата мора да се движи напред дека дека иднината не треба да се чека, туку да се созадава, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Патот, вели тој, не е лесен, но Македонија има сила, има и луѓе има и волја.
- И кога тие три нешта ќе се соединат нема сила која може да ја сопре татковината. Затоа вечерва не славиме, туку ветуваме дека ќе работиме, дека ќе работиме уште повеќе дека секој глас ќе го претвориме во дело, секоја надеж во резултат. Победата нема да ја мериме со бројки, туку со дела. Вистинската победа ќе биде кога секој ќе каже да, вредеше, истакна Мицкоски.
Тој вели дека претстојат уште две недели на одлука во кои треба да се заокружи започнатата промена.
- Ова не е време за опуштање, туку за последниот напор бидејќи секој глас кој ќе сотавене дома е подарок за тие кои ја уништуваа Македонија, а секој глас кој ќе излезе е чекор кон иднината што ја содаваме заедно, истакна во обраќањето Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово