Николовски: Синхронизирани се одлуките и на партијата и на Владата
Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски изјави дека се синхронизрани одлуките и на партијата и на Владата за се што изнел и дообјаснил премиерот Зоран Заев во неговото интервју за бугарската БГНЕС во однос на историјата, а коешто предизвика реакции.
-Имаше објаснувања од претседателот, тоа се ставови и на Владата на СДСМ, граѓаните избраа европска иднина, потребно е лидерство со заштита на сите наши особености, на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет. Тоа првпат го добивме после долго време, првпат носиме храбри чекори и одлуки за признавање на нашиот јазик, храбри одлуки со кои државата стана членка на НАТО и го одиме овој европски пат. Така што, синхронизрани се одлуките и на партијата и на Владата во поглед на она што е изнесено и дообјасенто од страна на претседателот на Владата, изјави денеска Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група