Николовски ја „спакува“ Димова: Ако не си поднесе оставка Владата ќе ја разреши
Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова веќе може да почне да си ги пакува личните работи од својата канцеларија бидејќи Владата најави дека нејзиниот ангажман таму ќе трае до првата наредна седница бидејќи тогаш, Вицпремиерот задолжен за борба против корупцијата ќе достави предлог за нејзино разрешување.
„Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – напиша вицепремиерот Љупчо Николовски на социјалните мрежи.
Димова претходно на прес-конференција рече дека не дава оставка и оти за програмата „Еразмус плус“ може да аплицира секој. Денеска во телефонски разговор не сакаше да даде никаков коментар. Кратко рече дека не знае што се случува во моментов.
Случајот го истражува и финансиската полиција и антикрупциска а своја истрага води и Европската Комисија.
Скандалот во чиј центар е Димова изби на почетокот на минатата недела кога медиумите објавија дека фризерница од Скопје добила 270.000 евра европски пари а дополнително пари се делеле и за тренирање на магариња. Медиумите објавија дека Димова откако станала директорка за Агенцијата купила две луксузни возила за кои граѓаните платија 90.000 евра.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него