Македонија
23. November 2021 - 9:11

Николовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Бугарија

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообрќајната несреќа што се случи во Бугарија.

-Сочувство до семејствата и блиските на загинатите во сообрќајната несреќа што се случи во Бугарија. Им посакувам брзо заздравување на повредените. Нема зборови за утеха за оваа трагедија, напиша Николовски на својот фејсбук профил.