Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која е во работна посета на Обединетите Арапски Емирати.
-Министрите за надворешни работи потпишаа договор за економска соработка, исто така има договор и во образованието и културата, како и договор за заштита на инвеститорите и одбегнување на двојното оданочување. Овие договори се предуслов за да можеме да одиме кон следната фаза, а тоа се конкретни инвестиции и конкретни проекти кои што ќе ги видиме во Македонија. Она што е исто така значајно, што е можеби комплетна новина за македонскиот бизнис и стопанство, а тоа е дека ОАЕ особено Дубаи, стануваат центар за трговијата кон Истокот, особено во овие комплицирани и турбулентни времиња во светот, имајќи ги во предвид геополитичките игри. Постои огромна можност за македонските компании кои што извезуваат да го користат Дубаи и Владата на ОАЕ како помош и сервис при нивниот извоз, како би се отвориле бројни нови пазари, кои што во моментов не се достапни за македонските компании, изјави Николоски.
Како што соопшти Министерството за транспорт, по средбите со стопанските комори во Шарџа и Дубаи, тој потенцирал дека има голема заинтересираност за соработка во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделскиот сектор.
-Морам да кажам дека фокус број еден е туризмот, кој сериозно расте и потенцијалите кои ги нуди Македонија навистина се нешто што е препознаено. Секако тука е и инфраструктурата, коридорите 10 и 8, како и коридорот 10Д, како потенцијални места за инвестирање, тука секако е и земјоделието, тука се и недвижностите. Така што ова се области каде што има огромна заинтересираност од страна на Обединетите Арапски Емирати да инвестираат во Македонија, очекувам во периодот кој што е пред нас ќе одиме кон втората фаза, а тоа е конкретизирање на проекти и за брзо време ќе можеме да видиме делегација на ОАЕ во Македонијa, како и инвестиции тука, рече Николоски.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”