Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар.
- Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани, изјави Николоски.
Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поствување на комплетно нов асфалт, хортикултурно уредување и поставување на вертикална и хоринзонтална сигнализација.
- Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде над два милиони евра само за општина Кичево, на бројни проекти коишто ќе се реализираат на сите на населени места, рече Николоски.
Тој најави дополнителни инвестиции во општина Кичево.
- Сакам да најавам дека после победата на докторот Александар Јовановски, ќе има дополнителна поддршка од Министерството за транспорт од 2 милиони евра само за општина Кичево, потенцира Николоски.
MИА
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски